ВИДЕО: Протестираат, а не знаат зошто, соросовите медиуми им кажаа која е целта

ВИДЕО: Протестираат, а не знаат зошто, соросовите медиуми им кажаа која е целта

Неколкуммина приврзаници на здружението БЕСА денеска излегоа да протестираат во пресрет на лидерската средба која се одржува во моментов, но ниту тие самите не знаеја да кажат за што точно протестираат. Секако, тука беа соросовите медиуми за да му посочат на активистот за што точно протестира, пишува Курир.

На почетокот на лидерската средба, десеттина приврзаници на БЕСА, истото здружение кое даде поддршка на сдсмовскиот протест пред Владата каде беа веени знамиња со поддршка на 113-та косовска бригада чии команданти беа дел од кумановската акција, денес организираа протест пред Клубот на пратеници против делувањето на ДПА и ДУИ и нивната слаба поддршка и незаинтересираност за Албанците.

Сепак, фактот дека тие слепо и послушно ги следат директивните од централата се гледа и во тоа што на прашањето на еден од соросовите медиуми зошто протестираат, еден од протестантите воопшто не знаеше да објасни, па беше дополнуван од новинарот кој очигледно по претходна дојава беше темелно избрифиран за целта која сакаше да се постигне со тој протест.

Ова претставува уште еден доказ за површноста и злоупотребата која СДСМ ја прави манипулирајќи ја јавноста и сакајќи лажно да прикаже дека постои широк граѓански фронт, зад кој всушност стои СОРОС и неколкумина од раководството на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.