Свет

Бесен Албанец принудно слетал авион со 180 патници во Рим

Бесен Албанец принудно слетал авион со 180 патници во Рим

Албанец кој патувал на линијата Женева – Приштина вчера принудно го приземјил авионот во Рим, откако нападнал една од стјуардесите. Како што пренесува „Дејли меил“, патникот бил незадоволен бидејќи предолго го чекал својот сендвич, па затоа ја нападнал стјуардесата удирајќи ја со тупаници во пределот на главата.

Останатите патници кои се превезувале во авионот станале за да го спречат, но иако успеале да го оттргнат, пилотот, согласно процедурите веднаш го спуштил авионот во Рим.

Компанијата испратила друго летало, а стјуардесата била префрлена во болница.

Случајот е потврден од авионската компанија, како и од аеродромот во Приштина. Од компанијата велат дека жената имала повреди на лицето и и биле скршени очилата.

Насилниот патник бил приведен од локалната полиција во Рим и по сослушувањето пуштен на слобода. Сите 180 патници безбедно слетале во Приштина со друг авион, со неколку часа доцнење.