Бешикташ му нуди на Ето годишна плата од 6.5 милиони фунти

Амбизиозните сопственици на турскиот прволигаш Бешикташ ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на камерунскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Самуел Ето.

Фудбалските медиуми на Островот потврдија дека челниците на Бешикташ веќе оставриле контакт со агентот на искусниот напаѓач и за време на состанокот агентот на Ето бил информиран дека неговиот клиент може да потпише 2-годишен договор со гигантот од Истанбул, а таквиот договор му гарантира рекордна годишна плата од 6.5 милиони фунти.

Челниците на Бешикташ биле информирани дека до крајот на следната недела Ето ќе донесе конечна одлука околу неговата иднина, но и понатаму брзоногиот напаѓач е најзаинтересиран за продолжување на соработката со лондонскиот премиерлигаш.