Спорт

Бешикташ преговара и со Роналдињо и со Лескот

Бешикташ преговара и со Роналдињо и со Лескот

Ахмет Кавалчи, кој е дел од бордот на директори на турскиот прволигаш Бешикташ, ја потврди сензационалната информација дека гигантот од Истанбул ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на легендарниот репрезентативец на Бразил, Роналдињо.

Поранешниот фудбалер на Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан и Атлетико Минеиро моментално има статус на слободен фудбалер, но Кавалчи потврди дека единствениот проблем околу реализиацијата на најавениот трансфер е платата на популарниот Дињо.

“Да, сакаме да го купиме Роналдињо. Имаме проблем со неговата годишна плата, која е преголема за нашите услови. Имаме потреба од спонзор и во потрага сме по спонзор кој ќе покрие дел од неговата плата. Неговата плата е единсвениот проблем зошто до сега не сме ја оствариле посакуваната соработка. Исто така преговараме и со челниците на Манчестер Сити околу можниот трансфер на Џулијан Лескот. Поконкретни информации околу Лескот ќе имаме веќе во четврток”, изјави Кавалчи.