Бешикташ доби големо засилување во името на Марио Гомез

Марио Гомез е новата аквизиција во нападот на Бешикташ

30-годишниот голгетер стави потпис на едногодишна позајмица во тимот на Бешикташ, со можност турскиот гигант следното лето целосно да го откупи неговиот договор.

Марио Гомез на турски јазик ги поздрави навивачите на Бешикташ
Марио Гомез на турски јазик ги поздрави навивачите на Бешикташ

Бешикташ постигна договор со Фиорентина за едногодишна позајмица на Марио Гомез. Во договорот има опција овој договор да стане перманентен”, гласи соопштението на официјалната страна на клубот.

Поради проблеми со коленото, Гомез одигра само 47 натпревари за “виолетовите”, на кои постигна 14 погодоци.