Македонија

Бесими на работна посета на Брисел

Бесими на работна посета на Брисел

Заменик Претседателот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, престојува на дводневна работна посета на Брисел каде е планирано да оствари средби со амбасадори на ЕУ во Брисел и претставници на Европската Комисија.

Денеска, Бесими на работен ручек се сретна со амбасадори и претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел како и претставници на Европската Комисија и Европската служба за надворешни работи.

Целта на средбата беше да се информираат присутните за активностите на Владата во поглед на процесот на Европската Интеграција како и да се слушнат мислењата и погледите на земјите членки за Европската интеграција на Македонија особено поради фактот дека во моментот се завршуваат преговорите за дефинирање на заклучоците на Советот на ЕУ кои треба да бидат разгледани и евентуално усвоени следната недела.

Вицепремиерот Бесими во овој контекст ги потенцираше нашите очекувања од дискусиите во Советот и за јасна временска димензија за динамизирање на процесот. Заедничка констатација беше дека ситуацијата на статус кво и после петтата препорака на Европската Комисија е неоддржлива. Потпретседателот Бесими нагласи уште еднаш дека не треба да има никаква дилема околу стратешката оријентација на Република Македонија, што всушност е потврдено и со меѓупартискиот меморандум за разбирање.

Вицепремиерот Бесими информираше за напредокот околу импелементацијата на елементите од мартовскиот политички договор, вклучително продолжувањето со изборните реформи, натамошните напори за продолжување на дијалогот со новинарите и елементите поврзани со слободата на информирање но се осврна и на економските реформи и напорите на Владата за нивно натамошно динамизирање. Тој исто така нагласи дека фокусот на Владата останува и натаму насочен кон владеењето на правото, реформите во правосудството, реформите во јавната администрација и обезбедување на социјална сигурност на граѓаните на Република Македонија.

На интерес на присутните Бесими се осврна и на статусот во билатералните односи особено со соседите земји членки на Европската Унија, нагласувајќи ги притоа нашите напори низ проактивен однос да го динамизираме дијалогот за разрешување на отворените прашања на основа на меѓусебна доверба, почитување и реципроцитет.
Потпретседателот Бесими ја искористи можноста да ги информира присутните и за Акцискиот План за надминување на наодите од извештајот кој Владата го разгледа и го усвои како платформа врз која заедно со Европската Комисија би се продолжило со работа за воспоставување на основите на Политичкиот Дијалог на Високо Ниво.

Во иста насока беше побарано од земјите членки да го поддржат нашето барање за вклучување на Македонија во Јадранско-Јонскиот макро-регион и последователно Јадранско-Јонската Стратегија.
„Евроатлантскиот пристап на Македонија е една инвестиција за оддржливиот мир и развој на регионот.Пристапот во Европската Унија е зближувалки приоритет на сите граѓани на Република Македонија без разлика нивната етничка или религиозна припадност,“ изјави Бесими.

Од средбата може да се заклучи дека постои висока поддршка за интегрирањето на Македонија во Европската Унија и дека и натаму интензивно се бараат можни решенија за продолжување на процесот.
Утре,Бесими ќе се сретне со Генералниот директор на Директоратот за Проширување г-дин Кристијан Даниелсон и со Извршниот Генерален Секретар на ЕСНР г-дин Пјер Вимонт.