Бесими утре во Брисел на средба со Фуле

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими утре  ќе престојува во Брисел, каде ќе оствари средба со Еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Фуле.

Вицепремиерот Бесими на средбата ќе се осврне на остварените реформи и предизвици со кои се соочува Република Македонија на патот кон Европска унија. На истата акцент ќе биде ставен на статусот на реализација и идните приоритети во делот на слободата  на изразување и владеење на правото, приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, како и степенот на искористеност на ИПА 2007-2013г.