Бесими во Брисел на средби со претставници на Европската комисија

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими од денеска ќе престојува во дводневна посета на Брисел каде ќе оствари повеќе билатерални средби со претставници на Европската комисија.

На средбите се очекува да се разговара за процесот на европската интеграција на Македонија и за актуелните ситуација во државата, пренесува МИА.

За време на посетата предвидено е вицепремиерот Бесими да оствари одвоени средби со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, генералниот директор на Директоратот за проширување на Европската комисија Кристијан Даниелсон и со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување Жан Ерик Паке. Вицепремиерот Бесими ќе се сретне и со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.