понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 59

Бесими во посета на Брисел

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими престојува во дводневна посета во Брисел, кадe што ќе учествува на конференцијата „Балкански партнерства - Зајакнување на врските на регионот“ организирана од тинк-тенк групата „Пријатели на Европа“ (Friends of Europe).

besimi-han

Последни вести

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими престојува во дводневна посета во Брисел, кадe што ќе учествува на конференцијата „Балкански партнерства – Зајакнување на врските на регионот“ организирана од тинк-тенк групата „Пријатели на Европа“ (Friends of Europe).

На конференцијата ќе учествува и комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан како и други високи претставници на земјите од регионот.

Како што соопшти СЕП, во рамки на  дводневната посета вицепремиерот Бесими ќе се сретне со Мирослав Лајчак министер за надворешни работи и европски прашања на Република Словачка, која е следен претседавач  со Европскиот  совет по Кралството Холандија, како и со еврокомесарот за проширување Хан и известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл.

Најчитани вести