Беснеат шумски пожари во Русија

Шумските пожари во Русија зафатија површина од речиси 60.000 хектари, поради што во два региони на исток во замјата е прогласена вонредна ситуација, јавува ТАСС.

Според податоците на руските власти, во 104 пожари, огнот зафатил 59.400 хектари, од кои 27.000 во Бурјатија.

Само во  руската автономна република се регистрирани 22 шумски пожари.

Повеќе од 14.000 хектари шума гори во регионот Амура, а 13.800 хектари во Трансбајкајскиот регион, каде е прогласена вонредна ситуација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.