Бесплатен градски превоз за лицата со посебни потреби

Советот на Град Скопје, на предлог на Градоначалникот на Град Скопје, на седницата одржана на 2.12.2014 година, изгласа Програма со која се определуваат видовите на повластеното користење на јавниот градски превоз, категориите на лица со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право.

Заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје.

За остварување на правото на повластено користење на јавниот градски превоз во 2015 година, заинтересираното лице со посебни потреби, поднесува барање до здружението на граѓани во кое членува.

Здруженијата на граѓани, конечниот список на баратели кои ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање на легитимации, го доставуваат до Градот Скопје, најдоцна до 16.01.2015 година.

За дополнителни информации претставниците на здруженијата можат да се јават на телефон 3297 – 321, во периодот од 09 до 15 часот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.