Бесплатен курс за веб-програмирање за ученици од социјални семејства

Ученици на возраст од 16 до 18 години, од социјално загрозени семејства ќе  можат бесплатно да стекнуваат знаења за веб програмирање на  универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“,  за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат.

Проектот се реализира во рамките на активностите за општествена одговорност на охридскиот универзитет, во соработка со Црвениот крст од  Охрид.

„Бидејќи се работи за курс наменет за млади луѓе кои немаат познавања од веб дизајн и програмирање, програмата е направена на начин што ги покрива основите на креирање на веб страни, со силен акцент на стекнување на практично знаење и искуство. Овој курс има за цел да ги подготви учениците за да бидат способни самите да направат едноставна веб – страна по завршувањето на курсот, со цел поттикнување на определба за нивното идно образование и кариера, а истовремено и како потенцијален извор на приход“, вели Јасна Тренгоска, еден од тренерите на курсот.