Бесплатен одмор за 2.000 деца во социјален ризик

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов  на прес конференција за медиумите  информираше за Проектот Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик.

Спасов информираше дека денес е објавен јавниот повик за користење на услугата  бесплатен летен одмор за децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа како и децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение.

„Имено станува збор за реализација на  проектот од програмата  од Владата на Република Македонија, проект што е даден како ветување пред граѓаните на Република Македонија, станува збор за доследност на Владата во реализацијата и оддржувањето на дадениот збор.

Имено, оваа година планираме да опфатиме 2.000 дечиња од семејствата во социјален ризик за бесплатен летен одмор во Струга, во период од 7 дена, односно 6 полни пансиони. За реализација на овој проект, за ова лето обезбедени се 8 милиони денари, и денес како што кажав е објавен јавниот повик кој што ќе трае до 17 ти јуни.“  рече Спасов.

Право да аплицираат родителите кои што се корисници на социјална парична помош, исто така родителите кои што се корисници на  детски додаток, родителите кои што се корисници на  посебен додаток, односно родителите на децата со пречки во развојот како и право на бесплатнен одмор ќе имаат децата без родители и родителска грижа.

„Овој проект како Влада го реализираме од летото 2012 година, ова е веќе четвро лето по ред што се реализира овој проект за кој што има особен интерес.

До сега оваа бесплатна услуга за летен одмор ја искористија 6.000 дечиња, додека бесплатната услуга за зимски одмор ја искористија 3.000 дечиња, односно со овој проект досега опфативме 9.000 дечиња и 9.000 семејства кои се во потешка сосотојба добија поддршка од државата и можност да ги пратат своите деца на бесплатен летен и зимски одмор.

Како Влада и понатаму ќе продолжиме со реалзиација на проекти кои што се во интерес на граѓаните и на децата кои што се наоѓаат во социјален ризик за поголема поддршка на материјално необезбедените семејства во Република Македонија и континуирано подобрување на нивниот живот.“ завши Спасов.