Македонија

Бесплатен одмор за 33 деца од Крива Паланка и Ранковце

Бесплатен одмор за 33 деца од Крива Паланка и Ранковце
Бесплатен одмор за 33 деца од Крива Паланка и Ранковце

Деца од семејства во социјален ризик од Крива Паланка и Ранковце утринава заминаа на бесплатен летен одмор во Струга во рамки на проектот за бесплатно летување кој го реализира Министерството за труд и социјална политика, објави МИА.

На одмор замнаа 33 деца се на возраст од петто до деветто одделение, а од денеска до 11 август ќе летуваат во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга. За дечињата во Струга ќе се грижат тројца волонтери од општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, Снежана Димитриевска, Свете Милановски и Слободанка Младеновска.

МТСП четврта година им овозможува на деца од ранливи категории од двете општини да можат како сите нивни врсници да поминат незаборавни мигови на одмор и рекреација. Ние како волонтери на Црвен крст помагаме за грижата и анимирањето на дечињата во текот на нивниот одмор. Во рамки на проектот децата се рекреираат, одмараат, спортуваат и учат да пливаат, а имаат организирани и културно-забавни активности, изјави Снежана Димитриевска, волонтер во ОО на Црвен Крст, Крива Паланка.

Димитриевска додаде дека со овој проект деца од семејствата во сицијален ризик се социјализираат и разменуваат позитивни искуства со дечињата од цела Македонија, нивни врсници, а, како што рече, стекнуваат и нови пријателства, што е уште една многу важна придобивка.

9.000 деца го искористиле правото на бесплатен одмор

9.000 деца го искористиле правото на бесплатен одмор
9.000 деца го искористиле правото на бесплатен одмор

Ова е четврта година од имплементирањето на Проектот за бесплатен летен и зимски одмор за деца од социјално ранливи семејства, приматели на социјална парична помош, деца без родители или самохрани родители и деца со пречки во развојот на МТСП. Досега правото на бесплатно летување со 6 полни пансиони го искористиле околу 6.000 деца, додека на зимување биле околу 3.000.