Бесплатен превоз за децата без родители и родителска грижа до 18 години

Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје, во пресрет на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на состојбата на децата без родители и родителска грижа, од 1 август 2014 година ќе ја намали цената за 50 отсто на месечениот билет за јавен превоз во градот Скопје, како и на билетот за превоз на жичницата на Водно.

Децата до 18 години без родители и родителска грижа ќе можат бесплатно да ги користат услугите на Јавното сообраќајно претпријатие –Скопје.

Сите заинтересирани треба да ги приложат следниве документи за купување месечен билет:
1. Барање за издавање месечен претплатен билет (Образец бр.2-3 ЈСП/ www.jsp.com.mk);
2. Една фотографија, во прилог на Барањето ;
3. Потврда, издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени;
4. Лична карта на барателот.

Потребни документи за купување билет за жичницата:

1. Потврда издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени;
2. Лична карта на барателот или со приложување на месечниот билет за јавен превоз.

Сите заинтересирани, потребните документи треба да ги поднесат во продажното место на ЈСП-Скопје во Автокоманда на бул.,,Александар Македонски бр.10,, каде што ќе можат и да го подигнат билетот.