Бесплатна СОС линија за жртвите на семејно насилство

Бесплатна СОС линија за жртвите на семејно насилство
Бесплатна СОС линија за жртвите на семејно насилство

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), воведе бесплатна СОС мобилна линија за жртвите на семејно насилство. Линијата функционира преку трите мобилни оператори: 070/ 141 700, 075 141 700 и 077 141 700.

СОС линијата ја покрива целата територија на државата и функционира 24 часа.

НСРР како граѓанска организација повеќе од 20 години работи на проблемот со насилството врз жените и семејното насилство и дава помош и поддршка на жените кои се соочуваат со овој проблем.