Економија

Бесплатни канали за сите од „Близу“!

Бесплатни канали за сите од „Близу“!

Сите нови и постоечки корисници на дигиталните услуги на операторот „Близу“ ќе можат да ги гледаат сите 130 канали бесплатно до 13-ти јануари.

„Близу“ продолжи со новогодишните изненадувања – од оваа недела, па сѐ до средината на јануари 2014, сите нови и постоечки корисници кои ги користат дигиталните видеоуслуги на операторот, бесплатно  ќе уживаат во сите 130 канали кои „Близу“ ги нуди во својата понуда.

„Пред крајот на оваа година, најдовме уште еден начин да им се заблагодариме на нашите корисници за покажаната доверба. Затоа, донесовме одлука со која сите наши корисници на видеосервисот ќе можат да уживаат во најатрактивните канали во моментов, од денес, до средината на јануари. Празничните денови ќе може да ги поминат со најблиските во нивниот дом, уживајќи во дигиталната телевизија на ’Близу’“, изјавија од операторот.