Магазин

Бесплатни кино проекции на фестивалот „Ѕуница“

Бесплатни кино проекции на фестивалот „Ѕуница“

Десетото издание на фестивалот „Ѕуница“ кој почнува в четврток, во рок од четири дена ќе понуди бесплатни кино проекции, коктели, дружење и забава. Проекциите на филмовите ќе се одржат во кино Фросина во Младински културен центар, отворањето на овој фестивал во МКЦ ќе биде проследено со ликовна изложба.

Програмата почнува со филмот „The way he looks“ по 15-минутното свечено отворање. По филмот ќе следи изложба на Лилика Стрезоска насловена „Next to your heartbeat where I should be“. Вечерта ќе се затвори со свечен коктел.

В петок ќе може да се погледне „Mambo Italiano“, како и документарниот филм „Regarding Susan Sontag“, посветен на една од најпроминентните и влијателни мислители на дваесетиот век.

Сабота е резевирана за „Purple skies“ и „United in anger – the history of act up“, а по проекциите ќе следи дебата.

На последниот ден, в недела, ќе бидат прикажани „Room in Rome“, како и „Eat with me“, по што ќе следи зтворање на фестивалот и забава.

„Ѕуница“ го организира Здружението на граѓани за еднаквост на геј и лезбејки и со него се прави обид да се овозможи нов простор за дружење, разговори и размена на идеи.