Македонија

Бесплатни курсеви по руски јазик

Бесплатни курсеви по руски јазик
Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во зградата на Ректоратот на УКИМ ќе го одржи првиот час од бесплатните курсеви по руски јазик.

Пред присутните, како што најавија организаторите, на првиот час ќе се обратат ректорот на Универзитетот Никола Јанкуловски и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Николаевич Шчербак.

На конкурсот за бесплатни курсеви по руски јазик се пријавиле околу 1.000 лица. Со цел на сите пријавени да им биде овозможено бесплатно изучување на рускиот јазик според највисоки стандарди, Рускиот центар при УКИМ ќе ги одржи во три турнуси до крајот на академската година.