Македонија

Бесплатни логопедски совети и прегледи од утре до 12 септември

Бесплатни логопедски совети и прегледи од утре до 12 септември
Здружението „Интеракција плус“ од Скопје, од утре до 12 септември ќе организира бесплатна „Логопедска недела“.

Сите заинтересирани може да добијат бесплатни прегледи и консултации во Логопедското студио „Интеракција плус“, кое се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала во Скопје. За повеќе информации и закажување термини може да се јават на телефонските броеви 078/245-484 и 071/973-362.

„Интеракција плус“ почна и со подготовки на Водич за лица со посебни потреби, во соработка со издавачката куќа „Феникс“, која ќе објави и повеќе едукативни боенки, сликовници, прирачници и други полезни и неопходни изданија и материјали.

Хуманата акција ја реализираат повеќе дипломирани логопеди и дефектолози, со цел да им се излезе во пресрет и да им се помогне на лицата кои имаат логопедски проблеми.