Македонија

Бесплатни микробиолошки тестови за бремените од социјално ранливите категории

Бесплатни микробиолошки тестови за бремените од социјално ранливите категории

 

Бесплатни микробиолошки тестови за бремените од социјално ранливите категории

 

Четирите микробиолошки тестови кои секоја бремена жена е потребно да ги направи од 12-та до 14-та гестациска недела ќе бидат ослободени од партиципација за жените од социјално ранливите категории.

Министерот за здравство, Никола Тодоров вели дека од партиципацијата која изнеусва 350 денари за овие тестирања ќе бидат ослободени жените кои примаат социјална помош, имаат минимална плата или се невработени.

„ Потребно е само да достават: потврда дека се невработени од Агенцијата за вработување, доказ дека се приматели на социјална помош од центрите за социјална работа или потврда дека примаат минимална плата. Согласно проценките станува збор за околу 6.000 бремени жени годишно кои ќе бидат опфатени со оваа програма за можност за бесплатни брисеви. Нема да има ограничување доколку има поголем број бремени жени во текот на годината односно има можност да ја прошириме оваа програма. На овој чекор се одлучивме затоа што податоците говорат дека токму предвременото раѓање и недоносеност се почести кај ранливите групи жени, жени со понизок социо-економски статус, како и жени од рурални средини“, вели Тодоров.

Ваквата мерка се презема со цел да се намали стапката на смртност кај доенчиња која во 2012 бележи пораст.

„Минатата година сериозно размислувавме кои мерки да ги преземеме за намалување на доеничката смртност која е еден од индикаторите кои посебно ги следиме и на кои сме посебно фокусирани. Забележавме дека доеничката смртност бележи благ тренд на пораст во 2013 година и затоа сметавме дека е неопходно да преземеме соодветни мерки. Констатиравме неколку проблеми кои доведуваат до зголемување на доеничката смртност. Првиот основен проблем е неодењето на гинеколог за време на бременост, а вториот е неправењето на овие микробиолошки тестови“, вели Тодоров.

Според статистиката смртноста кај доенчиња е најголема токму кај наведените социјални категории.