четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Бесплатни прегледи за деца со аутизам

Акцијата е наречена “Пет сетила - еден свет“, а секојдневно ќе се одржуваат креативни работилници за децата со аутистичен спектар на нарушувања.

Бесплатни прегледи за деца со аутизам

Бесплатни прегледи за деца со аутизам

Последни вести

По повод Светскиот ден на аутизмот – 2 април, Здружението “Интеракција плус“ од Скопје, од 2-9 април ќе одржи “Недела на лицата со аутизам“. Притоа, за сите заинтересирани во Логопедско-дефектолошкото студио на Здружението “Интеракција плус“ ќе се вршат бесплатни прегледи и консултации за децата со аутистични проблеми и потешкотии.

Акцијата е наречена “Пет сетила – еден свет“, а секојдневно ќе се одржуваат креативни работилници за децата со аутистичен спектар на нарушувања.

Работилниците ќе опфакаат: дијагностика, индивидуален тераписки пристап со секое дете, примена на најсовремени тераписки методи во третманот на аутизмот во Сензорна соба; развивање на говорот преку слики, окупациона терапија и слично.
Работилниците ќе се одржуваат во просториите на Здружението “Интеракција плус“, кои се наоѓаат во непосредна близина на Универзална сала, секој работен ден во попладневните часови.

За претходни закажувања и други информации заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број (078) 245484 и на електронската адреса: ana_petreska@live.com

Најчитани вести