вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Бесплатни прегледи за мерења на дишната функција

disenje

Последни вести

По повод Светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ 2015 година, кој се одбележува под мотото „Не е предоцна“, Институтот  за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје денеска организира бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.

Прегледите ќе се изведуваат во период од 10 до 13 часот во Сити мол.

Со овој настан треба да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест, како и нејзино навремено дијагностицирање и лекување.

Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на овие болни.

Еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето.

Најчитани вести