Македонија

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Бардовци

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Бардовци

ЈЗУ Здравствен дом на Скопје продолжува со спроведување на акцијата „Здравје за сите” во руралните средини согласно програмата на Министерството за здравство.

Медицинска екипа од Здравствениот дом денеска спроведува акција за бесплатни превентивни прегледи за жителите на село Бардовци, соопшти Здравствен дом Скопје.

Пунктот е лоциран кај месната зедница во селото, а екипата ќе работи од 8:30 до 13 часот. Жителите ќе добијат бесплатни превентивни прегледи-мерење на крвниот притисок, проверка на шеќер и холестерол во крвта, тежина, висина, како и совети за заштита и грижа за сопственото здравје.