Бесплатни проекти за куќи во Илинден

Општина Илинден обезбеди четири бесплатни проекти за изградба на семејни куќи за сите оние што на јавните електронски наддавања обезбедиле градежни парцели за изградба на куќи во новата населба Јака, но и во другите делови на општината.

„Сите заинтересирани инвеститори, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот во општината можат да се запознаат со четирите проекти за станбени објекти и да го одберат оној што најмногу им одговара. Со бесплатните проекти, граѓаните би можеле да заштедат дури и до 1.000 евра, колку што обично чини изработката на ваквите проекти. А, истовремено, со моделите на семејни станбени куќи кои можат да се применат како типски објекти, населбата Јака ќе добие многу поубав лик“, велат од локалната власт.

Оттаму информираат дека интересот за  градежните парцели кои се на продажба е голем. Досега продадени се 261 градежна парцела, а според урбанистичкиот план за локалитетот Јака, за отуѓување останати се уште 82 слободни парцели.

FASADI 2

Следните објави за електронско јавно наддавање за отуѓување на градежните парцели ќе бидат објавени по изборите.