сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Бесплатни здравствени прегледи за младите спортски репрезентативци

lekari_1

Последни вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска презентираше низа мерки за млади лица. Еден од проектите е и бесплатен здравствен преглед за спортските репрезентативци.

-За да се создаде еден спортист не е важно само да тренира, туку и да се грижи за своето здравје. Со проектот Бесплатен здравствен преглед за спортисти ќе им се овозможи на сите репрезентативци во младински категории два пати годишно да имаат редовен спортски здравствен преглед. Спортовите кои ќе бидат опфатени со воој проект се фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, бокс, карате, џудо, борење, теквондо, кик бокс, велосипедизам, кајак, пливање и атлетика, истакна Груевски.

Тој додаде дека услов за да се искористи овој проект е младите да се репрезентативци во минимум два последователни циклуси или категории. Груевски потенцираше дека проектот ќе започне да се реализира од јуни 2017 година.

Најчитани вести