Македонија

Бесплатно прегледани 70 граѓани

Бесплатно прегледани 70 граѓани

Во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Гази Баба денеска во просториите на дневниот центар за згрижување на стари лица во Киното Маџари се оддржаа бесплатни здравствени прегледи кои подразбираа мерење на крвен притисок, мерење на шекер во крвта и давање на совети од здравствените работници за заштита од топлотен удар.

Акцијата заврши успешно со прегледани над 70 граѓани.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да организира вакви и слични акции кои се од добровид за граѓаните на Република Македонија!

На акцијата присуствуваа Сузана Димитрова Претседател на Унијата на жени на ОК Гази Баба заедно со Потпретседателите Жаклина Пешевска и Милка Видовска.