Македонија

Бесплатно уживање во програмите на пакетите HBO и Extra Пакет Плус

Бесплатно уживање во програмите на пакетите HBO и Extra Пакет Плус

Од 10 септември, сите корисници на тарифните модели DoubleBoom Promo и TripleBoom Promo ќе можат бесплатно да ги следат каналите на пакетот HBO и пакетот Extra Пакет Плус. Понудата важи за сите корисници кои во промотивниот приод ќе активираат нов или ќе направат обнова на постоечкиот тарифен модел.
Со новата промоција:
• Корисниците на 2 БоомТВ уреди основен пакет, за месечна претплата од 699 денари, можат бесплатно да ги следат HBO и пакетот Extra Пакет Плус цели 12 месеци, а
• Корисниците на 3 БоомТВ уреди основен пакет, за месечна претплата од 799 денари, можат бесплатно да ги следат HBO и пакетот Extra Пакет Плус цели 24 месеци

HBO пакетот ги содржи ТВ каналите HBO и HBO Comedy кои изобилуваат со филмови од сите жанрови, додека пакетот Extra Пакет Плус содржи 8 ТВ канали; филмски, спортски и канали за возрасни и тоа: Cinestar TV, Cinestar TV Action $ Thriller, SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub 3, Dorcel TV, Brazzers TV и Hustler.

Од 10 септември, и за сите останати корисници на БоомТВ, ОНЕ нуди промотивна цена за активација на дополнителни пакети, HBO и Extra HBO Promo, и тоа:

• HBO пакет (HBO и HBO Comedy) по цена од 239 денари/месечно
• Extra HBO Promo (HBO и HBO Comedy, Cinestar TV, Cinestar TV Action $ Thriller, SportKlub 1, SportKlub 2, SportKlub 3, Dorcel TV, Brazzers TV и Hustler) по цена од 409 денари/месечно.