Бесправно градел на брегот на Охридското езеро, заработил кривична

Кривична пријава е поднесена против Е.Б.(30) од село Велешта,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно  градење“ и „узурпација на недвижности“.

Како што соопштуваат од  МВР, пријавениот, на почетокот на годинава започнал доградба на претходно изграден објект во комплексот „Аква Блу“ во Струга на брегот на Охридското езеро, без претходно добиено одобрение за градење.