БЕТМЕН ВЕЛИТ: О како је лепо да си текст на „ПлусИнфо“

Трилерот продолжува: „Ова второво (знаме, н.з.) во почетокот на деведесеттите години беше официјално знаме на Македонија, но под притисок на Грција, беше сменето со Устав.“ – „Ова второво“ е знаме на Република Македонија кое да немаше луѓе со тикварски светоглед на почетокот на деведесеттите, уште ќе беше „ова првово“ или – државно знаме на Република Македонија.

Инаку, овде веќе е сосема јасно дека авторот на оваа вивисекција на скандалозноста на знамињата, овој нем бранител на Уставот, располага со завидни познавања од историјата на Р.Македонија.

Одиме со ова третово: „Сега често се среќава во неофицијална употреба, но не се сеќаваме да било истакнато на ваков начин, во својство на државно знаме, покрај државното знаме на САД.“  -Не се сеќаваме ни ние кога последен пат новинар проверил информација пред да ја нарече СКАНДАЛОЗНА грабајќи ја секоја можност да се накачи на бранот од плунки на кој најдобро сурфа, но нејсе. Кој па може да се сеќава на се. Некој не ни сака.

Во текстот не е наведено дека единствено што е скандалозно во врска со знамето со ѕвездата од Кутлеш е начинот на кое беше сменето. Во текстот не стои дека единствено што е скандалозно во новинарскиот топ-тема напис на „ПлусИнфо“ е тоа што новинарот не проверил дали е вистина тоа што го тврди: дека Р. Македонија поставила две знамиња на Плетвар.

Скандалозно во случајов е веројатно само манипулантското однесување на новинарот кој брзајќи да не задоцни да истури кофа гов*ана врз скандалозната власт која не ја сака, се погани врз знамето кое можеби за него е скандалозно, но за народот кој не се сложил на негова промена не е скандалозно.

Најскандалозно е што не се проверува информацијата дали Р.Македонија дигнала два јарболи, еден со Ѕвездата од Кутлеш (ај, за ова може да се најде логика некоја) и еден со американското знаме (ама тука мери му ум на Шерлок од Плусинфо, зошто Македонија би дигала америчко знаме на јарбол) или двата јарболи се можеби поставени од бизнисмен од прилепскиот регион кој живее и работи во Македонија, а овде поседува телевизија која се вика Сонце и се одзива на името Ѓорѓија Џорџ?

Ма кој да проверува. Проверување е за сељаци. Новинарските стандарди кои ги поставуваме не захтеваат проверка. Напиши дека власта на скандалозен начин поставила две знамиња, направи од тоа топ тема и да си пичиме, да си го фатиме со ред денот, имаме држава за оправање. Како што на времето пишувавме дека муницијата која беше за армијата ќе се употребувала за крваво спречување на протестите на опозицијата. Или како што пишувавме дека има цивилни жртви во Куманово.

Текстот на непотпишаниот новинар на ПлусИнфо завршува со, нормално, најјакиот дел, финалето, крешендото на овој храбар новинарски потфат, на оваа борба за зачувување на уставноста и нескандалозноста… па каже:

„Очекуваме реакции од амбасадата на САД, од општината Прилеп и од централната власт.“

-Е не! Ќе се заебаваме мислиш?  Одма да изреагира америчка амбасада за ова скандалозно… поставување на знаме! Одма. Да го бомбардираат Прилеп Американците, за ова грубо поставување на знаме и скандалозно веење на знамето.

И Општина Прилеп да изреагира! Како? Нека смислат. Нека дојдат и веднаш да ги отстранат скандалозните знамиња – само да се договориме кое е поскандалозно за да знаеме кое да го отстраниме прво; старото Македонско бидејќи е старо и не баш по мерак на Грците или американското бидејќи не е баш по закон. И Владата да изреагира, него како. Со оставка, како поинаку? И Коце Трајановски да поднесе оставка, реда ради – зошто да не.

Отприлика тоа е текстот во кој „ПлусИнфо“ старото знаме на Р. Македонија го третираше со тон како да е забранетото знаме на нацистите од Германија. Свакачас, стварно. Алтан деца плусинфови, ашколсун. Аферим.

Малку ми е шубе дали ќе се вознемири анонимниот откривач на скандали од „ПлусИнфо“ кога ќе се симне во Грција наредното лето и ќе го види истото знаме на сина основа, поставено овојпат од државата Грција на фиљан места низ Егејот.

Исто така многу, многу се плашам што ќе се случи кога скандалозниот вид на непотпишаниот новинар од „ПлусИнфо“ ќе прошета, да речеме, во Западна Македонија. Таму сигурно, најсигурно ќе зоврие од лутина за скандалозното третирање на знамето на државата. Неговата патриотска нескандалозна душа нема да го издржи тој терор кој врз државните инсигнии се спроведува со третманот на Законот за знамиња како да не постои.

Верувам дека така згрозен, нема да пишува тези во насока на скандалозно третирање на унитарноста на државата. Нема да дели кур*ови по фејсбук како што тоа го правеше деновиве, туку ќе напише сердарско четиво за односот на еден човек кон одбележјата на сопствената држава. А потоа и за односот на човекот кон државата и правењето дистинкција меѓу омразата кон државата и омразата кон политичка партија.

М? Што велиш? Како бе веќе бил во Западна Македонија? Федерализациских ми рогова, сум го преспал тој дел.

Текстот го почнав со зборови на буквата П. Ќе завршам со уште два збора на истата буква, Посветени. Претпоставете си ги сами.

Правилно претпоставивте.

Бетмен велит/Телеграф.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.