Бетонски чевли: Демири кој беше извлечен од Сава имал дебело досие

Триесет и четиригодишниот Џемси Демири од Бујановац, чие тело со „бетонски чевли“ беше извлечено од Сава под Остружничкиот мост, имал богатo полициско досие.

Демири бил познат по кражби, разбојништва, „дилање“ на дрога.

Криминалната „кариера“ ја започнал во Пчињскиот округ, а жителите на Прешево, Бујановац и Врање добро го запомниле.

-Во овој крај се помни неговата кражба на „Ибро“ и грабежите на бензинската пумпа недалеку од Прешево, ресторанот „Езеро“ и во населбата Салваторе, каде одредени жители го обвинувале дека им ја „упрапасил ќерката“. Минатата година едвај се извлекол од Приштина. Во еден угостителски објект во околината ограбил богат гостин. За да си го зачува животот вратил повеќе од тоа што украл.

Лажно име и документи

Во полицијата наведуваат дека Демири често бил на „патување на релација Косово – Белград и подалеку“. Иако воглавно користел лажно име и лажни документи, го знаела полицијата во Белград, Земун, Нови Сад, Суботица, Загреб, Љубљана и други градови во поранешна Југославија.

-Во прашање е човек кој се замерил со многу луѓе, на многу места, така што многумина ја сакале неговата смрт. Поради тоа е тешко засега да се каже кој стои зад убиството, а другата работа која ја отежнува истрагата е тоа што покојникот непрестано го менувал престојувалиштето.

Исто така не можеме да знаеме ни каде е фрлен во река. Можно е тоа дури и да не се случило во Србија, вели извор.

Веќе немал каде

Во Бујановац, каде е роден, кружат разни приказни за него. Додека едни изнесуваат неверојатни тврдења дека Џемси бил богат, дека носел скапа гардероба и дека трошел многу пари, други се многу пореални и наведуваат дека тој живеел на работ на егзистенцијата. Како што велат, веќе немал каде и преку глава му дошло од начинот на живот кој го водел.

Спиел каде ќе стигне и немал семејство

Со истрагата засега не е дојдено до поважни сознанија.

-Разговаравме со луѓето кои го познавале. Тој немал семејство,  миту постојано живеалиште, па со никој не бил близок. Ќе видиме дали имал ортак во вршењето на некои кривични дела. Престојувал во Белград, Нови Сад, Панчево и на други места. Спиел каде ќе стигне,  а апсен е повеќе пати, вели извоот.

Факти на злосторничкото дело:

–          Демири е мачен, па жив фрлен во реката;

–          Околу нозете му биле врзани две цигли;

–          Главата му била залепена со широк селотејп;

–          На рацете имал ракавици;

–          Телото било во вода десетина дена;

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.