Без Ангелов во баражот за СП против Грција

Македонската ракометна репрезентација бе зкапитенотКиреЛазаров и голманотБоркоРистовски ќе ги стартува подготовките за бараж двомечот со Грција за пласман на Светското првенство во Катар, наредната година. Меѓутоа, селекторот Ивица Обрван, нема да може да смета и на голманот Петар Ангелов, кој нема да игра против Грција, заради болки во грбот.

На неговоместо е повикан Стефан Кимевски. Сигурно на првиот натпревар во Атина нема да игра и Наумче Мојсовски, кој подолго време е повреден и најверојатно ќе биде во комбинација за реваншот во Скопје.

„Ангелов се пожали на болки во грбот и нема да може да ни помогне. Решивме на негово место да го повикаме Кимевски. Што се однесува до Мојсовски, неговата рехабилитација се одвива во одлична насока, но нема да ризикуваме. Тој сигурно нема да игра во Атина”, а завториотнатпревар се уште не смесигурни, изјави Обрван.

Македонската репрезентација утре го имаат првиот собир во Охрид, на кој сигурно отсутни ќе бидат Кире Лазаров, поради учество на Ф4 турнирот во Келн, како и Борко Ристовски, кој треба да го заврши трансферот од Ал Ахли во Франција.