Без доволна излезност на изјаснувањето за рудникот за злато во Ново Село

Не успеа рефередумот против рудникот за злато во Ново Село, бидејќи немеше излезност откако од запишаните 11.438 граѓани на гласањето во неделата не излегоа 50 отсто од запишаните гласачи.

Оние што излегоа на референдумот сметаат дека со отворање на рудници на територијата на општината ќе биде уништено земјоделството.

Според нив, проблемот е во избирачкиот список кој не соодветствувал со реалната слика во Ново Село, бидејќи над 40 отсто од граѓаните од оваа општина наводно се во странство.

Во Гевгелија, Богданци и Дојран референдумите беа успешни и граѓаните се изјаснија против изградба на рудници на територијата на општините. Во Валандово, Босилово и Ново Село, пак, поради неизлезноста на запишаните гласачи референдумите не успеаја.