Без голови на дербито меѓу Наполи и Интер

Во дерби натпреварот од 9-то коло на италијанската Серија А во Неапол, екипите на Наполи и Интер одиграа без голови, па и натаму остануваат единствените непоразени во досегашниот дел од фудбалското првенство на Италија.

Судирот меѓу првата и втората екипа на табелата понуди неочекувано слаб фудбал со мали шанси, повеќето на страна на домаќинот кои ги одбрани јунакот на дуелот голманот на Интер, Хандановиќ. Со ова реми, Наполи повеќе нема максимален бодовен ефект.

Претходно во саботата Сампдорија во Џенова со 5:0 славеше над Кротоне со головите на Џан-Марко Ферари во 3 минута, Фабио Кваљарела во 11 од пенал, Џанлука Капрари во 38, Карол Лонети во 71 и Давид Ковнацки во 76 минута. Сампдорија со оваа победа скокна на високото петто место на табелата.

Води Наполи со 25 бодови, пред Интер кој има 23 и Јувентус и Лацио кои имааааат по 19 бодови и натпревар помалку.