Без Илиевски во квалификациите за ЕП 2015 година

Македонскиот кошаркар Владо Илиевски, нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги во квалификациите за Европското првенств ово 2015година. Плејмејкерот пристигна во Охрид каде што имаше средба со селекторот Александар Џикиќ, на која уште еднаш ја потенцираше својата желба за да биде во националниот тим и да помогне во остварувањето на целта, односно пласман на првенството.

За жал, приватните обврски со кои Илиевски се соочува веќе подолго време се причината поради која тој не може да биде максимално фокусиран за време на овие подготовки, а потоа и на натпреварите против Белгија, Данска и Белорусија.
Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките во Охрид, каде од денескаќе почне турнирот во кој покрај „црвено-жолтите“ ќе учествуваат и селекциите на Автрија, Романија и Грузија.