Спорт

Без Кирил Лазаров на подготовките во Охрид

Без Кирил Лазаров на подготовките во Охрид

Капитенот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров нема да биде на подготовките од 1 до 6 април во Охрид, откако го извести селекторот Ивица Обрван, дека сака да биде подобро подготвен за остатокот од сезоната.
„Ве известувам дека по консултациите со лекарскиот тим на мојот клуб Барселона нема да можам да бидам во можност да присуствувам на собирот на машката ракометна репрезентација. Времето ќе го искористам за тотална рехабилитација за да би можел да одговорам 100 отсто на обврските во останатиот дел од напорната сезона“, вели Лазаров во писмото упатено до РФМ.