Без кои фудбалери остана ФК Пелистер?

ФК ПЕЛИСТЕР АД информира дека спогодбено ги раскина договорите со 4 фудбалери.

Станува збор за Благојче Главевски, Димче Ристевски, Тони Магловски и Дејан Велевски, а на фудбалерот Благојче Марковски на истекот на договорот не му е понуден нов договор.

-На овие фудбалери, како и на фудбалерите кои претходно го напуштија клубот, Владица Брдаровски, Кирил Динчев, Бошко Ступиќ и Горан Ганчев, во името на управниот одбор, стручниот штаб и навивачите, ФК ПЕЛИСТЕР АД им се заблагодарува за професионалноста во периодот во кој го носеа зелениот дрес и им посакува многу успех во понатомошните кариери, стои во соопштението ФК Пелистер.