Без паника, се укинуваат турските серии, но во Хрватска

Хрватската ТВ Нова поради слаб рејтинг ги укинува турските серии. Неколку серии кои во Македонија имаа огромна гледаност во Хрватска едноставно не поминуваат.

По помалку од 15 епизоди две познати турски серии телевизијата најави дека нема да продолжат да се емитуваат.

За разлика од Хрватска, Турските серии се уште се најдобро продаван ТВ производ во Македонија. Речи си и да нема телевизија која нема по некоја од најгледаните турски серии, а рејтинг агенциите бележат рекорди кога станува збор за гледаноста.