Без паника – Симптоми за кои не треба да се грижите

Постојат ситуации кога имате неој здравствен проблемоколу кој воопшто не се грижите, а би требало, меѓутоа често се случува да се загрижите за некој симптом и да поминете бессони ноќи читајќи за најлошото сценарио на интернет. Ова се симптоми околу кои дефинитивно не треба да се грижите.

lekar-pregled-600x337

Едно мерење на крвниот притисок

Човековото тело константно се менува поради низа фактори кои влјаат на него: стрес, што јадете и како спиете. Тоа е дефинитивно видливо на крвниот притисок. Постои и феномен „хипертензија на бел мантил“., при што крвниот притисок се зголемува ако се мери во болница, поради тоа што сте понервозни и ги исчекувате резултатиете од мерењето.

Околу висината на притисокот би требало да се загрижите ако имате подеднакво висок притисок при повеќе мерења во текот на месецот.

Крвни наоди кои се малку повишени или снижени

Дури и ако според лабораториските наоди повеќе бројќи не се во оптималниот распон, таа висина е многу нормална за вас. Имено, ако се чувствувате добро, можеби вашиот организам едноставно добро функционира со тие мали отстапки.

Низоккрвен притисок

Ја знаете ли онаа изрека дека никогаш неможете да бидете пребогат или преслаби. Слично е и со крвниот притисок. Имено, тој малу го оптоварува организмот и се смета за добар.

Единствено би требало да се загрижите ако поради него чувствувате вртоглавица или имете несвестица, и ако срцето силно ви чука. Во тој случај, сепак посетете лекар.

Неколкудневни мачнини, повраќањеи пролив

Woman having stomach pain

Луѓето често сакаат да знаат дали дошло до труење од храна или ги мачи вирус. Ако не постои остра стомачна болка, висока температура или крв во столицата, вашето тело само ќе го победи тоаа што го нападнало организмот. Важна работа е да не заборавите дека лесно може да дехидрирате, па внимавајте на тоа да внесувате доволна количина течности, а доволна ви е и обична вода.

Ситуација при која што итно мора да се јавите на лекар е ако се онесвестите или повраќате крв.

Безболни израстоци

Како што телото старее, така под кожата може да се јавуваат секакви израстоци. Повеќето од нив не се канцерогенни, а причините поради која се јавуваат се многубројни, но можеда варираат од бенигни цисти до поткожно масно ткиво. Слободно покажете ги на вашиот лекар, но, не се грижете премногу за нив.

Сепак, постојат некои израстоци околу кои треба да се загрижите. На пример, израстоците на дојките никогаш не ги игнорирајте, како и тие кои се осетливи на допир, топли и црвени, бидејќи тоа може да укажува на инфекција која мора да се лекува. Иста работа е и со оние израстоци кои брзо растат.

Крварење

Ретки се оние кои кога ќе видат крв не се испаничуваат. Кога ќе се исечете на одреден дел од телото, како што е главата, може да почнете обилно да крварите, но тоа не е причина веднаш да се загрижите. Едноставно, направете притисок на раната и така држете пет до десет минути,  да видите дали ќе се сопрете крврењето. Ако не успеете, или ао раната ви се чини голема, можеби ќе ви треба шиење.

Ако не сте сигурни дали ви треба шиење или не, не е паметно да чекате. Рната треба да се зашие во рок од 24 часа или ризикот од инфекција ќе расте.

Мало ректално крварење

Ова е нешто од што луѓето најмногу се срамат. Во повеќето случаи се работи за хемороиди, или мали исекотини во подрачјето на анусот, а не за некој вид на рак. Земете нешто за омекнување на столицата или едноставно јадете повеќе овошје и зеленчук.

Сепак, би требало да се загрижите ако крварењето трае подолго од два-три дена и чувствувате силна болка. Во тој случај појдете на лекар.

Остара и локализирана болка, боцкање во градите

Bol-u-grudima-575x383

Повеќето од нас, секоја болка во градите автомтски ја поврзуваат со срцето, а забораваме дека тука се наоѓаат и белите дробови, коски, мускули и органи за варење. Понекогаш, болката во гради која се засилува при кашлање, длабоко дишење и издишување или со померувње на торзото, е знак дека дошло до исттегнувања или иритација на малите мускули и лигаменти околу ребрата. Тоа можело да се случи поради некоја повреда или вирусна инфекција, па во најголем број случаи поминува само од себе. Во меѓувреме можеда ви помогнат нестероидни лекови, како ибупрофен.

Меѓутоа, ако покрај наведените болки останувате без здив и имате висока температура, секако посетете лекар. Во тој случај вашата болка би можела да укажува на проблеми со белите дробови. Ако не сте сигурни, сепак, подобра опција е да појдете на лекар и да се смирите.

Осип

Помали осипи се дел од животот, па и во бројни ситуации воопшто нема да ви биде откриено која е причината за тоа. При лекувањето на симптомите рководете се од здрава логика, јадежот може да се смири со антихистаминици и хидрокортизони во обли на маст, а пробајте да се сетите дали некоја нова храна сте користеле во последно време. Дали сте користеле некој нов шампон, дали осипот се јавил на места изложени на сонце или само на подрачјата прикриени со облека.

Ако осипот ве чеша одеднаш кога ќе земете некој нов лек ( особен антибиотик) или додека испробувате некое ново јадење, веднаш побарајте медицинска помош, особено ако почнете да губите здив и имате проблем со голтањето. Тоа би можело да биде почеток на смртоносна алергиска реакција. Покрај тоа, ако многу ве чеша, иако од аптека сте купиле некоја крема која се набавува без рецепт, побарајте од лекарот нешто поделотворно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.