Без поддршка од народот СДСМ нема да дојде на власт

Изминативе години во периодот на демократскиот развој на Македонија постојано сме сведоци дека кога и да е СДСМ во опозиција, секогаш прават проблеми и креираат ситуации се со цел на недемократски начин, без поддршка на народот да дојдат до власт и да ја пренесат својата сопствена неспособност и проблемите кои ги имаат во својата партија врз државата.

Ова го истакна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за финасии, Зоран Ставрески на вчерашната трибина одржана во Гостивар.

Тој потенцира дека тоа не им успевало, а нема да им успее ниту сега.

-Ние сме тука за да им кажеме на граѓаните дека треба да бидат мудри, сплотени. Со мудроста и со разумот што го имаат граѓаните да ги погледнат состојбите, да ја оценат ситуацијата и да знаат дека народот е сплотен и сè додека народот стои зад нас, Македонија ќе остане стабилна и безбедна држава, нагласи Ставрески.