Без присуство на опозицијата продолжи комисиската расправа за предлог-буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја продолжи во вторникот расправата по Предлог-буџетот за 2018 година, со којашто претседава пратеникот од СДСМ, Васко Ковачевски. кого го назначи спикерот Талат Џафери да претседава со ова собраниско тело, откако Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ повторно го одложи закажаното
продолжение за претпладнето, а на седницата не присуствуваат нејзините сопартијци.

Откако стана јасно дека на седницата нема да присуствуваат членовите пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пПратениците од владејачкото мнозинство аплеираше до своите колеги да дојдат и да се вклучат во дискусијата.

„Апелирам до колегите од ВМРО-ДПМНЕ дека треба да дојдат и да се вклучат во дискусијата за Буџетот. Да ги обрзложат или да ги бранат многуте амандмани што ги предложија за Буџетот и чувствувам потреба дека доколку донесат таква одлука во секој момент претседателката на Комисијата Лилјана Кузманова може да дојде и да продолжи да ја води седницата и да почнеме суштинска дебата, затоа што роковите течат. Денеска е шестиот ден, а вкупно се десет и ние мора да продолиме со работа“,рече Јован Митревски од СДСМ.

Според него Буџетот е еден од најзначајните документи и точката на дневен ред е еден од најважните за функционирање на државата и затоа како владејачко мнозинство чувствувале потреба комисијата да продолжи со работа.

„Бевте сведоци дека изминантите денови секојдневно беше закажувано продолжение и дваесетина минути пред да почне истата беше одложувана. Тоа се случи и за денеска“, рече Митревски.

На денешното продолжение на седницата тече општиот претрес по Предлог-буџетот за 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.