Македонија

Без струја Бутел, Ѓорче, Шуто Оризари и Сарај

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во електро-системот денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски населби.

Така од 08.30 до 14.30 часот без струја ќе биде улицата Хо-Ши-Мин во (Опш.Бутел), од 09.00 до 13.00 часот ул Ѓурчин Кокале, дел од ул. Радушка и дел од ул Црногорска (Општина Ѓорче Петров).

Исто така од 09.00 до 15.00 часот без струја ќе останат граѓаните од ул.Димче Мечето и ул Волт Дизни во (Опш.Шуто Оризари) и од 09.00 до 15.00 часот во с.Грчец улиците 1, 2, 3 ,4 и 5.