Без струја дел од Центар и повеќе скопски села

Од 8.30 до 14. 30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците од село Љубош.

Од 9 до 14 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Кадино, корисниците од село Марино и Бела Земја, фирмите Хавеп, Натам и фармата Илинден, како и селата Булачани, Црешево, Љубанци и Раштак.

Од 10 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Теодосиј Гологанов бр. 56, 58, 60, 126, 128, 130 и 132, дел од фабриката Треска, сервис Данлоп, корисниците од ул. Рузвелтова бр.5, 7 и 9, ул. Христо Смирненски бр. 46, 48, 53, 55 и 64 и корисниците од ул. 9 Мај бр.17,20 и 44.

Од 10 до 12 часот струја ќе немаат дел од корисниците од ул. 60 во село Волково.