Без струја дел од Центар, Карпош и неколку скопски села

Поради планирани технички зафати во  електро енергетска мрежа, утре без електрична енергија од 9 до 17 часот ќе останат корисниците од улиците Крсто Баиќ, Кукушка,  Благој Страчков, Димитрие Туцовиќ и  Јордан Хаџиконстантинов во општина Центар.
Исто така, од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и дел од улиците број1612, 46, 1613  и број  50 (општина Аеродром).

Од 8 до 12 часот без струја ќе бидат дел  дел од корисниците од село Батинци (Љубош), од 9 до 13 часот, струјанема да има во селата Дивље, Живиње и Сушица. Од 9 до 15.30 без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица Франклин Рузвелт број 51. (општина Карпош) и од 10 до 12 струјанема да имаат дел од корисниците од улица Багдатска од број 10 до број 20. (општина Карпош)