Без струја дел од Сарај, Студеничани и Шуто Оризари

Дел од општините Студеничани, Сарај и Шуто Оризари утре, во одреден период од денот, ќе останат без струја.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на ЕВН, корисниците од село Љубош, општина Студеничани, нема да имаат електрична енергија од 8:30 до 14:30, додека корисниците од улиците Дринска, Виничка, Вашингтонска и Нов Живот во општина Шуто Оризари, и од село Долна Арнакија во Сарај, од 9:30 до 15 часот.