Без струја дел од Волково и Кисела Вода

Дел од село Волково и од општина Кисела Вода утре ќе останат без струја, соопшти Центарот за управување со кризи.

Прекинот е поради технички зафати во електросистемот.

Жителите на Волково нема да имаат струја од 9 до 15 часот, додека жителите на Кисела Вода, на улицата „Сава Ковачевиќ“ од 9 до 14 часот.