Без струја делови од Центар и Чучер Сандево

Без електрична енергија денеска од 8:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Пајак“, „Аминта Трети“, „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, „Ристо Шишков“ и „8-ми Март“ во општина Центар.

Во период од 9:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Чучер, во општина Чучер Сандево.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради изведување на технички зафати во електро-системот.