Без струја делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром

Дел од корисниците од скопското село Волково утре од 9 до 11 часот ќе останат без струја.

Во временскиот период од 9 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Благоја Гојан“ бр.37, 39, 41 и 43 во општина Кисела Вода, а од 13 до 15 часот корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од бр.15 до бр.21.

Како што соопшти РЦУК Град Скопје, прекинот е поради закажани технички зафати.