Без струја делови од повеќе скопски општини

струја

Во време од 9 до 14 часот  денес без струја ќе бидат дел од корисниците од подулиците „93“, „101“ и околните улички во село Волково во општина Ѓорче Петров, а од 9:30 до 12:30 часот ќе биде магацинот на Кока Кола во населбата Гази Баба, општина Гази Баба.

Без струја од 11 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците од улицат „Скупи“ подулици „3а“ и „5а“ во општина Карпош, а од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Огњан Прица“ до бр. 23 и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода.

Во период од 8:30 до 9 часот и од 14 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Ново Село, Гумалево, Тисовица, Пакошево, Смесница, Страхојадица, Добрино, Дејковци, фирмата „Спектар Комерц“, ЖТП Кадина Река и станицата „Зелениково“, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од фирмата „Спектар Комерц“ од село Пакошево во општина Зелениково.

Без електрична енергија од 9:00 до 13:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Мексичка“ и „Хелсинки“ во општина Карпош.