Без струја делови од Сарај, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец

Без струја утре привремено ќе бидат дел од корисниците од општините Сарај, Карпош, Ѓорче Петров и Петровец, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Од 8 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Маршал Тито“, а од 10:15 до 12 часот, објектите на ТЦ „Омер Компани“ и средното училиште во село Сарај.

Ќе нема струја од 09 до 13:30 часот и за дел од корисниците од булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во општина Карпош, од 09 до 15 часот, дел од населба Момин Поток во општина Ѓорче Петров, а од 09:30 до 11 часот дел од селата Живиње, Долно, Средно и Горно Коњари, Чифлик, Дивље и Сушица во општина Петровец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.